Земјотрес од 4,7 степени ја погоди централна Италија

0
146

Земјотрес со интензитет од 4,7 степени по Рихтеровата скала ја погоди денеска областа во централна Италија, која во 2016 година беше разурната од силен потрес.

Според првичните податоци, денешниот земјотрес предизвикал помала материјална штета и никој не е сериозно повреден.

Епицентарот бил во местото Муча во регионот Марке, а регистриран е во 05.11 часот по локално време.