ТЕРА

REKLAMA???

ЗЕМЈОТРЕС ОД 6,9 СТЕПЕНИ СПОРЕД РИХТЕР ГО ПОГОДИ ТАЈВАН

Серија земјотреси го погодија Тајван. Најсилниот од нив беше денеска со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Земјотресот бил на длабочина од 17 км, а се случи во 14:44 часот по локално време.

Претходно беше регистриран потрес со јачина од 5,5 степени, а по најсилниот удар од 6,9 степени следеа два послаби, но исто така силни земјотреси од 5,7 степени.

Според видеата обjавени на интернет има урнати објекти, мост, како и излетан вагон од воз.