ТЕРА

REKLAMA???

ЗЕМЈОТРЕС СО МАГНИТУДА 7,3 ГО ПОГОДИ ВАНУАТУ

Земјотрес од магниуда 7.3 ја погоди Вануату денес, предизвикувајќи голема штета во Порт Вила и околината, вклучувајќи урнати згради, поплавени улици и уништени автомобили, известува BBC. 

Вануату е јужнопацифичка островска држава лоцирана источно од северна Австралија и западно од Фиџи. Се состои од околу 80 острови, со вкупно население од околу 330.000 луѓе.

Земјотресот се случил во 12:47 часот по локално време, на длабочина од 57 километри и бил проследен со афтершок од 5.5 степени, а потресите продолжиле цел ден. 

Комуникацијата со регионот беше нарушена, а првични извештаи на социјалните медиуми и изјави од сведоци говореа за срушени згради и многу повредени.

Иако не беа потврдени точни податоци за жртви, новинарот Дан МекГери од Порт Вила известуваше за најмалку еден мртов, а многу други лица биле повредени и донесени во болница. 

Во градот има големи оштетувања на инфраструктурата, вклучувајќи оштетени дипломатски згради и блокирани патишта.

Вануату се наоѓа на субдукциска зона, што го прави подложен на силни земјотреси. Австралија и Нов Зеланд изразија подготвеност за помош, а официјалните власти продолжуваат со проценка на штетите и напорите за спасување.

Фото: BBC