Зимски фестивал во Крушево

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

После незаборавните летни авантури, од Outdoor Manifest го претставуваат првиот снежен outdoor настан во Крушево, When in Krusevo – Winter is here!

Outdoor Manifest ве покануваат на уникатниот outdoor фестивал WheninKrusevo во зимски услови. Сите кои сакаат адреналинска снежна авантура низ прекрасната крушевска природа облечена во снежно руво. Додаваат длабоко земете 100% чист воздух и уживајте во неописливите зимски пејзажи и  во погледите одкои ќе ви се одземе здивот.

Зимското издание на фестивалот, WheninKrusevo – Winter is here! ќе се одржи од 08.-10. Февруари 2019. Вклучува: чист воздух, фото тура, рекреативна пешачка тура, можност за обука за скијање и санкање, зимски тандем параглајдинг, дегустација на превкусни крушевски специјалитети и луда забава. Истакнуваат како што се нарекуваат, Другарите од Outdoor Manifest.

Share.