Златен глобус за филмот „Боемска рапсодија“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На гала свеченост во Лос Анџелес синоќа се доделени традиционалните награди Златни глобуси, втората најзначајна награда во филмската индустрија по Оскарите.

Во категоријата најдобар филм Златниот глобус го добил филмот „Боемска рапсодија“,за легендартата група Квин, а главиот актер во филмот Реми Малик за улогата на Фреди Меркјури е прогласен за најдобар актер.

Во категоријата најдобра актерка Глобусот заврши во рацене на маестралната Глен Клоуз за улогата во „ The Wife”, иако многумина очекуваа признанието да го добие Леди Гага.

Златниот глобус за најдобар режисер ја доби Мексиканецот Алфонсо Куарон за филмот „Рома“, кој воедно е прогласен и за најдобар странски филм.

Фаворитот „Ѕвезда е родена“, од петте номинации, ја доби само наградата за најдобра песна за „Плитко“

 

Share.