ТЕРА

REKLAMA???

ЗЛАТКО ДЕЛОВ ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ ВО ХРВАТСКА

Д-р Златко Делов со одлука на Владата е назначен за почесен конзул на Македонија во Хрватска.

Владата на својата 65-та седница одржана на 26 јули оваа година, донесе одлука да бидат отворени два нови конзулата на РС Македонија, едниот во Турција со седиште во Сивас, а другиот во Хрватска со седиште во Риека.

Денеска и Делов кој живее и работи во Риека ни ја потврди информација, односно нејзиното објавување во Службен весник.

Битолската, но и пошироката јавност Делов го познава како некогашен директор на Центарот за јавно здравје-Битола, директор на Центарот за култура и информации и заменик директор на филмскиот фестивал Браќа Манаки.