Злато и сребро за Чурино во Кувајт

0
1707

Битолскиот спортист, ММА борецот Ристо Димитров Чурино со уште еден голем меѓународен успех, овој пат во Кувајт. Освои второ место на едно од најголемите спортски збиднувања.

 

„ Во Кувајт на отворено Професионално Џиу Џицу првенство каде се натпреваруваа сите појаси против сите, победив син и лилав појас, а изгубив од мојот тимски колега Туфик, сребро за денес и заработивме 1000$“ вели  Ристо Димитров Чурино.

И на вториот ден забележа успех тој и неговиот тим.

„ На вториот ден од Ваван Спорт Најт во Кувајт освоив злато во Граплинг до 70 кг, а мојот ученик Амар Ал Барвани освои сребро во Џудо, мојот клупски колега сребро во граплинг или 1 злато и 2 сребра !!! Вкупно 6 медали, од 3 натпреварувачи, во 2 дена !!! Фала на сите за подршката !!!“, вели Чурино.