Злато, сребро и бронза за Македонија на Специјалната Олимпијада во Абу Даби

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Летните олимписки игри на Специјалната Олимпијада во Абу Даби ги донесоа и првите медали за македонската репрезентација.
Објавите на профилот на Специјалната Олимпијада на Македонија на Фејсук се:

„Радостите немаат крај! Атлетичарката Сара Дураку и тренерот Ифраим Лута денес освоија бронза на трката на 100 метри.
Честитки! “.

„Нов херој на денот! Атлетичарот Ардијан Шабани и неговиот тренер Ифраим Лута, освоија два медали во две трки, сребро на 25 метри и бронза на 50 метри.“

„Двете златни момчиња, Марио Мицковски и Стефан Трпковски, со освоените златни медали на 50 метри слободен стил на Светските летни олимписки игри Абу Даби 2019 и нивниот тренер Горан Андоновски. Честитки!“

„Ги имаме првите медали на Special Olympics World Games Abu Dhabi 2019, Марио Мицковски и Стефан Трпковски освоија злани медали на трките 50 метри, слободен стил. БРАВО“


Ова се првите медали на нашите учесници, соопштија од Специјална Олимпијада Македонија, преку социјалните мрежи. Нивни тренер е Горан Андоновски, а Мицковски и Трпковски се дел од дваесет и шест спортисти од нашата земја кои учествуваат на овој настан.

Спортистите од земјава се натпреваруваат во три дисциплини, пливање на 50 и 100 метри и штафета, атлетика и јунифајд кошарка и ревијално танцување.

Летните олимписки игри на Специјална олимпијада Абу Даби 2019 се најголемиот спортски настан со хуманитарен карактер на планетата. Учествуваат над 7000 атлети од 190 земји од светот кои ќе се натпреваруваат во 24 спортови. Игрите се одржуваат со поддршка од 20.000 волонтери. Ова се први олимписки игри во регионот на Блискиот Исток.

Share.