Змии кај Драгорот во центарот на Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

По вчерашната информација за змија кај Безистенот, денеска наш гледач ни испрати неколку фотографии со змии по ѕидот на коритото на реката Драгор.

Вели дека се работи за три змии кој ги фотографирал во близина на Музичкото училиште. Исто така ни напиша дека фотографиите ги направил после пладне.

Отука потребна е голема внимателност од страна на минувачите покрај реката како и на ученици од околните училишта, дотолку повеќе што заради шарените камења потешко се забележуваат.

Ова е втор случај како се забележани змии во центарот на Битола во овај период од годината, што за многумина е чудна оваа појава во време кога температурите не се многу високи и сеуште е студено. И ланската година во текот на летото беа регистрирани неколку случаи на змии во центарот на градот.

Share.