Змија поскок фатена на снегот на Пелистер

0
1720

Со затоплувањето на времето започна да се буди и природата насекаде па и на Баба Планина. Топлото време “ги разбуди“ пролетните цвеќиња, но на топлината не останаа имуни и животните, а и влекачите.

Така, вчера на потегот од Првата до Втората Река, на пат кон Ловечка куќа, била забележана како се движи по снегот една од најотровните змии во Македонија, поскок, вака објави порталот Bitolanews.mk.

-Движејќи се по белата снежна патека не можев, а да не ја забележам шарената змија која се најде, не знам како, на патот. Веднаш ми стана јасно дека тоа е змија – поскок, какви сум гледал и сум ги фаќал со раце многу пати на Пелистер, сигурно по 20-30 годишно. Поскокот беше подолг од пола метар. Иако сум на Пелистер повеќе од 45 години, немам видено во овој период од годината кога има доста снег на патот до Ловечка, кога е ладно за змиите, поскок да се движи на надморска висина од околу 1.800 метри, вели Драган Ристевски, искусен планинар од Битола.