Знамето на НАТО поставено пред Владата

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На свечена церемонија на која присуствуваа претставници на политичкиот врв и дипломатскиот кор во земјата, премиерот Зоран Заев истакна дека денеска испишуваме нова страница од историјата и дека поставувањето на знамето на НАТО, воедно значи и побезбедна иднина.

“Со одлуките на нашиот и грчкиот парламент и со поканата од членките на НАТО, ние веќе учествуваме во работењето на најмоќниот сојуз на светот и можеме да бидеме спокојни и целосно сигурни дека со завршувањето на ратификациите во сите парламенти на нашите сојузници, нашата земја која наскоро ќе го носи географски прецизното име Северна Македонија и официјално станува 30 -тата полноправна членка на НАТО со право на глас. Со тој чин стануваме безбедна земја, стануваме свои на своето”, рече премиерот Зоран Заев.

Заев рече дека знамето на НАТО не е само симболика, туку и реалност и дека денес со сигурност може да кажеме дека нашата татковина е на вистински пат кон прогресот и непречен развој. Тој истакна дека Македонија овие денови ја почнува следната комплексна етапа во изградбата на нашата држава според европските стандарди. Заев рече дека веќе никој нема да нè блокира од надвор.

 

 

Share.