Зошто да одберете куче за домашен миленик?

Еве неколку причини зошто е подобро да изберете куче за миленик.

Кучето може да ви помогне да склопите ново познанство – при прошетка низ парк, плажа, улица и слично.

Кучето ве одржува во форма – сте виделе ли некој да шета со својата мачка?

Дали некогаш имате слушнато за мачка која спасила човек? – Потсетете се колку кучиња станале херои само поради тоа што спасиле човек од давење, пожар итн.

Ќе биде добар пријател на вашето дете – за разлика од мачката која е непредвидлива и понекогаш знае да нападне, изгребе, кучињата имаат поголемо разбирање.

autumn walk with pet

Кучето е лојално – мачката не е, замислете само ситуација во која ви гори куќата, кој ќе остане внатре чекајќи да излезете вие први, кучето или мачката?

Можете да го истренирате полесно од мачето – кога ќе и кажеш на мачка „Стој”, напразно зборуваш.

Кучето е попаметно од мачето – сте виделе ли некогаш куче како влегува во аквариум со вода само за да јаде?

Го заштитува вашиот дом – за разлика од мачето, кој крадец би се уплашил доколку на портата има натпис „Пази мачка”?

Кучето чувствува кога сте тажни – освен тоа ве слуша кога зборувате и се обидува да ве утеши на свој кучешки начин лижејќи ја вашата рака без скриена намера како мачките кои го прават истото кога се гладни.

Сподели