Зошто е добро да се скија?

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Скијање – вид транспорт, рекреативна активност или натпреварувачки зимски спорт во кој учесниците користат скии за да се лизгаат по снегот. Повеќето видови на скијање се признати од Олимпискиот комитет и Меѓународната скијачка федерација.

Скијањето има историја од скоро пет милениума. Сепак современото скијање се создало во Скандинавија, но се смета дека пред 100 века се вежбала во денешна Кина, според стари цртежи.

Зборот скијање е еден од норвешките зборови кои се користат интернационално. Доаѓа од стариот норвешки збор „skíð“ што значи „одвоено парче дрво“.

Раните скијачи користеле една долга штека или копје. Првиот опис на скијач со две штеки датира од 1741 година.

Дисциплини на сијањето се:
Алпско скијање
Алпска комбинација
Спуст
Супервелеслалом
Велеслалом
Слалом

Најблиска ски стаза на битолчани им е стазата на Нижеполе која последниов период станува се поатрактивна за скијачите со нивната понуда за ноќно скијање.

Почетоците на ски центарот “Нижополе”  датираат од 1984 година кога беше изграден во склоп на комплексот “Нижополе”, како реализација на дел од првата фаза од студијата “Пелистер-студија за зимско-туристичките можности”, изработена од страна на Проектантското биро “Тиволи” од Љубљана.

Ски центарот е сместен во падините на Баба Планина, лоциран над селото Нижополе на надморска висина од 1.300 m н.в. до 1.610 m н.в. и со градот Битола е поврзан со асфалтен пат со должина од 15 km.

Терените на стазата Нижеполе за ск­и­­јање се целосно подготвени, ски-патеките се исчистени и функционални, а паркинг просторот е уредно осветлен.

Од ЈП „Стрежево“ велат дека со цел збогатување на спектарот со понудени содржини за граѓаните,  информираат дека љубителите на планинскиот туризам имаат и објектот чајџилница (бачило) кое ќе работи секој ден (понеделник-недела) со работно време 09-22 часот.

Во студените зимски денови, најдобрата физичка активност речиси секогаш е скијањето. Луѓето на сите возрасти можат да почувствуваат придобивки од ден поминат на снег, бидејќи скијањето е рекреација не само за телото, туку и за умот. Доколку размислувате дали да му дадете шанса на овој спорт, следниве придобивки ќе ве убедат во тоа.

Проприоцепцијата се дефинира како способност да ги чувствувате разните делови од телото, како и напорот којшто го вложувате за нивно помрднување. Со други зборови, кога ја држите раката пред лицето и ги затворате очите, знаете дека раката ви е таму иако не можете да ја видите.

Скијањето вклучува рамнотежа и координација, а за време на самата активност морате да бидете свесни за многу движења и положби на телото со цел да останете на нозе. Проприоцепцијата е нешто што слабее со текот на времето, а со скијањето можете да го забавите тоа.

Вашите колена мораат да го издржат целиот напор и тежината додека скијате, па на тој начин ќе се зајакнат. Освен колената, ќе се зајакнат и вашите коски, а со тоа ќе ја спречите остеопорозата и ќе ја зголемите целокупната сила.

Не само што скијањето ги зголемува среќата и благосостојба, туку е навистина корисно за физичкото и менталното здравје, без разлика колку често и колку долго скијате.

Како аеробна вежба која бара издржливост, скијањето помага во согорувањето калории и намалувањето на несаканите килограми. Покрај тоа, добра кардиоваскуларна вежба за почетниците е одење низ падината наместо користење на жичарата.

Бидејќи постојано скијате во клекната положба, ова има влијание на вашите нозе и задник. Додека се спуштате низ падината можеби воопшто нема да го чувствувате напорот, но следниот ден сигурно ќе ги почувствувате резултатите.

Бидејќи за време на скијањето постојано се обидувате да одржите рамнотежа, горниот дел од телото е постојано активен. Покрај тоа скијањето е вистински предизвик за вашата рамнотежа и подвижност, па со текот на времето ќе се подобрат и тие.

По скијањето ќе бидете навистина исцрпени, и тоа на најдобриот можен начин. Исцрпеноста ќе ја чувствувате на целото тело, па вечерта ќе заспиете многу лесно.

Флексибилното тело е вистинска предност кога станува збор за скијањето. На овој начин можете да ги избегнете напорот на мускулите и повредите. Темелно и редовно истегнувајте ги стомачните мускули и колковите пред да почнете со скијање.

Кога ќе се разбудите по напорен ден поминат во скијање, ќе ви биде потребна енергија. Физичката активност секогаш ќе ве поттикне да бидете свесни за начинот на којашто се храните, па ќе внесувате повеќе протеини и здрави масти, како и овошје и зеленчук, а помалку шеќери.

Денот поминат на снежен врв или планина ќе ви помогне да заборавите на стресот којшто доаѓа со секојдневниот живот. Исто така ќе бидете изложени на витамин Д кој има позитивно влијание на вашето расположение.

Share.