Зошто е опасна и небезбедна обиколницата над Битола?

0
2281

Кој е виновен за затворената обиколница над Битола. Во Советот на Битола  препукувања меѓу власта и опозицијата на оваа тема.

– Од првиот ден кога станав градоначалник придонесов да се забрзаат активностите околу обиколницата . За да го намалиме бројот на возила кои што транзитираат низ градот ќе се постави целосна светлосна регулација , семафори така што ќе се пропуштаат возила по една коловозна лента, и паралелно ќе се работи на свлечиштето, ова го изјави градоначалничката на 4 февруари 2018 година . Пред неколку дена јас и колегата бевме на лице место и свесна сум дека голем дел од вас ја видоа снимката. Зошто по излегувањето на таа снимка некој пушти камиони таму да чистат , нели тоа не е во надлежност на општината? , праша Габриела Илиевска , советник од Поинаку.

На ова претседателот на Совет  Валентин Груевски  со одговор

-Прашувате од една страна , првата реченица ви е зошто градоначалничката кажала дека ќе се санира обиколницата  иако тоа не било во нејзина надлежност, зошто кажала дека ќе се постави семафор иако тоа не било во нејзина надлежност, и притоа кажувате дека зошто ништо не презела да се поправи обиколницата. Ја снимате обиколницата и како имало ѓубре во делот каде што живеат Ромите. Меѓутоа чесно ќе беше на истиот клип , или да додадете нов клип, да снимите колку дел од ридот над обиколницата се руши и колку е опасно таму да се вози особено во ноќни услови. Бидејќи ако се пушти така како што е сега и ако има жртви, и незнам колку од вас виделе што таму се случува на ридот и на свлечиштето, кој ќе биде виновен, тој што ја пушти обиколницата или таму каде што се санира? Значи чесно е да зборувате или за едниот или за другиот проблем. Снимате со телефоните како имало ѓубре за да денес од тука прашате зошто ги пуштивте камионите за да го исчистат ѓубрето. Треба да има ѓубре или не треба да има ѓубре? Треба да се исчисти или нема да се исчисти? Зошто прашувате се исчисти ѓубрето а не е во надлежност  на јавните претпријатија, затоа што не сме сметале дека треба да се исчисти. Зошто претходно не било исчистено, еве дошло време да се исчисти, е каде е вината, да го чистиме или да не го чистиме ѓубрето? Значи ги измешавте сите можни работи кои биле или не биле со цел да создавате некаков привид и обвинување за се и сешто, рече Валентин Груевски претседател на Совет.

Голем дел од ридот паѓа и во вакви услови опасно е да се пушти обиколницата за сообраќај, рече Груевски

–  Поставувањето на семафорот е во интерес да работи само едната лента , не е семафор за црвено и зелено па ќе врват луѓето. Да работи едната лента доколку тоа е возможно да се направи. Меѓутоа во овај момент таму е небезбедно да се врви пешки а камо ли со камиони и автомобили, особено во ноќните часови, не помага никаков семафор. За тие што се сеќаваат пред две или три години имаше семафори на патот бидејќи се изведуваа градежни работи и едната лента работеше. Меѓутоа тоа е кога едната лента е проодна, меѓутоа во овај момент обиколницата е небезбедна . Јас ќе ви  кажам дека  цел рид таму паѓа. Во една огромна должина,  ридот паѓа и опасно е да се вози. Ако се пушти, следниот извештај кој е во надлежност на СВР Битола , бројот на жртвите не да се зголемат за 80% туку ќе бидат зголемени за 160%, па ќе викаме кој ја пушти обиколницата. Се додека не е безбедно никој нема да потпише дека може по таа обиколница да се вози, рече Груевски.

Инаку обиколницата над Битола затворена е за сообраќај скоро две години , на што често реагираат граѓаните, како поради грдата слика над градот од расфрлано купишта на секаков вид на смет, како и поради транзитирањето на тешки товарни возила низ центарот на градот, кој што доведуваат и до дополнително загадување на воздухот.