Зошто и во Битола водата поскапува?

0
1546

Вчера Советот на општина Битола ја одби одлуката на регулаторната комисија за покачување на цената на водата. До пред извесен период единствена институција која што можеше да ја покачи цената беше по барање на ЈП Водовот и општината по направени претходни пресметки. Од неодамн а Регулаторната комисија е надлежна за давање на цени и регулирање на тие трошоци. Регулаторната комисија до ЈП Водов во ноември месец минатата година исптратила предлог барање за поскапување на водата. Доколку ЈП Водовод го одбиеше барањето на регулаторна , претпријатието ќе беше казнето со 30 илјади евра, вели првиот човек на ова јавно претпријатие Горан Козаров

-Регулаторната комисија до нашето претпријатие испрати предлог барање за поскапување на водата. Ова барање е пратено во ноември 2017 година. Одлуката ја донесе регулаторна врз база на параметри од три годишна анализа, за 2014, 2015 и 2016 година. Изземена беше 2017 година бидејќи не беше завршена. Сите параметри кои што се внесени тука се добиени од ЈП и овие параметри стојат како релевантни податоци за трошоците со кои што се соочува претпријатието, за добивање на 1 метар кубен чиста вода за пиење и испорачана кон граѓаните. Со оваа постапка и цената која помина на управниот одбор на ова претпријатие ние доаѓаме до една ситуација, каде обврска на претпријатието беше да ја изгласа на управен, дали да го прифати минималното, средното или пак највисокото зголемување, сепак УО ги штити и интересите на претпријатието , и одлучи да оди со средната вредност како цена за пресметка на цената која треба да се добие. Обврска беше на претпријатието да го направи ова до крајот на јануари 2018 за да не сноси претпријатието и јас како управител одговорност и санкции во пенали, со финансиски огромен удел за ова претпријатие. Ако ние дозволевме оваа работа да не помини на управен, немаше ништо друго да направиме освен да ги оштетиме граѓаните на општина Битола со одредена сума на пари, рече Горан Козаров, директор на ЈП Водовод.

Ниту ЈП Водовод ниту општината нема можност да ја стопира оваа законска регулатива, вели Козаров и додава дека одлуката зависи од регуулаторната комисија и е регулирана со закон.

-Решението за покачување на тарифата на вода од регулаторна го добивме на 29.11.2017 година и од тогаш ни тече рокот за од 60 дена да ја донесеме таа одлука на управниот одбор. Тој рок ни истекува на 1 февруари и ние го запазивме и затоа ја пративме таа одлука до Советот. Без разлика дали таа ќе помини на Совет или не, или како Советот на општина Битола ќе се изјасни за таа одлука, одлуката станува правосилна после 150 дена од добивањето на тоа решение, вели Козаров

Според ценовникот на регулаторната комисија кубикот вода за пиење во Битола најверојатно ќе поскапи за 4,10 денари за метар кубен за домаќинствата, а за претпријатијата за 5,17 денари.