Зошто одлучија самостојно да одат на локалните избори?

Во речиси еден месец партијата на Милевски соопшти две одлуки. Едната уште лани донесена, а скоро соопштена дека нивните пратеници самостојно ќе настапуаваат во Собранието, но дека ќе ја подржуваат владата, односно мнозинството.

Другата одлука дека самостојно ќе настапат на локалните избори кои треба на есен да се одржат во Македонија. Вели не е првпат да одат сами на избори.

Го прашавме и за нивното се погласно истакнување на потребата од отворени листи за овие локални избори и како партија и како прв човек на министерството за локална самоуправа. Минатата недела кога разговаравме со него, рече дека оваа недела неколку партии од парламентот ќе го достават како предлог.

За советничката листа веќе е сигурно дека одат самостојно, но за кандидат за градоначалник се уште размислуваат, да биде од внатре или надворешен, можеби натпартиска личност.

Како и другите така и тие се уште не откриваат имиња. Во некои од партиите и размислувања за натпартиски кандидати.

Сподели