Зошто Путин наредил да се сруши патнички авион на Зимските олимписки игри?

0
470

Рускиот претседател Владимир Путин во новиот дел од документарниот филм кој се емитува на руската државна телевизија откри нови детали за неговите тешки одлуки кои мора да го носи.

Во 2014 година на самата свечена церемонија на отворање на Зимските олимписки игри во Сочи добил известување од безбедносните служби дека авион кој полетал од Украина кон Турција е вон контрола и дека постои опасност да се сруши токму врз олимпискиот стадион каде имало над 40 илјади гости, спортисти, фанови како и политичари од највисок калибар, премиери и претседатели на држави.

Путин се консултирал со неговите советници за безбедност и планот било патничкиот авион кој најпрво било известено дека е киднапиран и дека има бомба, да биде срушен во воздух пред да добие шанса да се урне врз стадионот и да предизвика катастрофален масакр.

Воените ловци на руското воздухопловство полетале, но за среќа по вториот остварен контакт откриено е дека станува збор за тревога направена од пијани патници кои го нарушиле летот, но не биле сериозни во намерата да извршат терористички напад.

Патничкиот авион потоа со асистенција на турското воено воздухопловство безбедно е слетан во Истанбул, а пијаните патници биле приведени.