ТЕРА

REKLAMA???

ЗОШТО ТРАМП ГО ОДБРА ВЕНС, ЧОВЕКОТ КОЈ ГО КРИТИКУВАШЕ И НЕГО?

Додека се појасна и погласна стана анализата дека обидот за атентат на Доналд Трамп е поттикната со многубројните примери на говор на омраза и дури директно поттикнување на дејствување, жилавиот 78 годишен бизнисмен го предложи својот републикански кандидат за подпретседател.

Американските медиуми не може да се определат дали е сарказам или цинизам тоа што Трамп го стави својот најголем критикувач за прв човек до него, Ди Џеј Венс. Ама сите се обединети во коментарите дека номинираниот подпретседател ќе му ја даде поддршката за ставање крај на војната во Украина, а со тоа и чување на американските пари за домашни потфати.

Во својата инстант политичка кариера од 2021 година наваму кога на 38 години го освоил сенаторското место во Охајо, себеси се нарекувал анти-трампист, а во неколку наврати го споредил и со Хитлер. Но, кога се работи за американските интереси – смета дека приоритет треба да биде прекинувањето на војната во Украина.

Во моментов тој зборува за пониски даноци, права на оружје, владин конзерватизам, слободен пазарен капитализам, слободната трговија, дерегулација на корпорациите и ограничувања на работничките синдикати. Ова му одговара на Трамп кој пак во оваа кампања зборува за запирање на миграцијата во САД, државата да стане доминантен енергетски производител во светот, намалување на даноците, од нив најинтересниот e укинување на данокот на бакшиш што го имаат работниците во туристичката и услужната индустрија.

Венс е на ставот дека Украина мора да предаде дел од териториите и да ја прекине сопствената агонија. Ниту Путин пак, смета Венс, може да ја освои цела Украина за да има потврда на обвинувањата дека има империјалистички цели, меѓу другото и затоа што освојувањето на Украина цела подрабира се поголемо навлегување во западниот дел од Европа.

Од една страна на парата се парите, порастот на цените на горивото, ѓубривата и житото е директна последица на овој конфликт, осиромашувањето на американските и европските граѓани кои како земји членки на НАТО и ЕУ финансиски ја помагаат Украина заради порастот на цените на се што ја дефинира економската криза. И на крај очигледното несогласување на  големите компании кои мораа да го напуштат  рускиот пазар.  На почетокот на годината беше јасно дека за Украина да остане отпорна на рускиот притисок потребни и се 40-тина милијарди евра. Претседателот Бајден вети, но не успеа да го испорача ветувањето за 14-тина милијарди долари. Двоецот Трамп-Венс смета дека проблемот на Украина не е американски, туку европски, па оттука делот од кампањата што досега ја водат републиканците е во таа насока.

Од другата страна на парата е хуманитарната катастрофа која се провлекува веќе трета година, 6 милиони луѓе ја имаат напуштено Украина, 8 милиони се раселени, 11 милиони се соочуваат со глад. Прогласувањето крај на војната во Украина не е на повидок, заради упорноста на Русија и Европа да го решат статусот на Украина со НАТО, кадешто САД има стабилна позиција. Што ќе ја натера Украина да биде тампонот меѓу Кина и Русија? Но според досегашните емотивни изливи на американските аналитичари, републиканците со Трамп и Венс кој треба да ги  донесе средната и категоријата имигранти на гласачкото конто, се поблиску до победата на претседателските избори отколку демократите  Бајден со Харис.