Иванка Трамп на затворањето на ЗОИ за максимален притисок врз Северна Кореја

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ќерката на американскиот претседател Иванка, која од вчера е во посета на Зимски олимписки игри во Пјонгчанг, во Јужна Кореја, се залага за пристап на максимален притисок кон Северна Кореја.

Таа ја предводи американската делегација која е во посета на Јужна Кореја поради церемонијата на затворање на Олимписките игри.

Јужнокорејскиот претседател Мун Џе Ин ѝ кажа на Иванка Трамп дека Зимските олимписки игри би требало да се искористат за нов пристап кон денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров.

На состанокот кој се одржал синоќа во претседателската палата во Јужна Кореја, Иванка Трамп зад затворени врати наводно му кажала на Мун дека разговорите за денуклеаризација и дијалогот меѓу Северна и Јужна Кореја треба да се одвиваат паралелно.

Администрацијата на американскиот престедател Трамп во петокот најави нови санкции за Северна Кореја, а американски претставници соопштија дека Трамп разговара со Мун пред да ги објави новите мерки.

mkd.mk

Share.