ТЕРА

REKLAMA???

ИВАНОВСКИ: ВИСТИНАТА ЗА СТАДИОНОТ „ПЕТАР МИЛОШЕВСКИ“

По прес конференцијата на битолската СДСМ за изградбата на трибината на стадионот во Битола, со реакција се огласија од ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола.

„Локалниот огранок на СДС Битола кој се занимава само со шпекулации, клевети и црна кампања, продолжува со лажните вести и за стадионот Петар Милошевски.

Почитувани граѓани и почитувани од СДС, вистината е следна: локалната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ го изработи проектот за изградба на стадион во Битола и во 2016 година го склучи договорот за стадионот Петар Милошевски.

Во 2022 година од буџетот на општина Битола за изведување на градежни работи на стадионот се исплатени 83 милиони денари, во 2022 година набавката и монтажата на столчињата чинеше 25 милиони денари а додека во развојната програма за 2023 година за стадионот се предвидени 34 милиони денари.

Лага е дека стадионот беше готов во октомври 2021 година, а тоа го потврдуваат и документите од техничкиот прием кои се од јули 2022 година.

Што значи ВМРО ДПМНЕ ја започна и заврши изградбата на стадионот во Битола бидејќи локалната власт предводена од СДС не беше способна ниту да ги заврши започнатите проекти во време на ВМРО ДПМНЕ.

Ги повикуваме од локалниот огранок на СДС да се заложат кај премиерот Димитар Ковачевски Таче и да излобираат Владата да издвои дополнителни финансиски средства во 2023 година со цел завршување на целиот стадион во Битола.

И на крај стадионот е на сите Битолчани и срамно е што повторно го злоупотребувате како тоа што го направивте со ФК ПЕЛИСТЕР во предизборната кампања“ рече Мартин Ивановски, претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ-Битола.