Ивановски: Тендерот за „Чебрен“ е предизборен трик

Прес конференција за проектот „Чебрен“ одржа М-р Зоран Ивановски член на претседателството Интегра.

„Се наоѓаме на просторот каде што требаше да биде започната изградбата на браната „Чебрен“. Доколку се проследеа дел од моите планови кога се потпишуваше затворање на РЕК Битола, требаше да се издејствува грант од Европската унија со кој барем малку ќе се ублажи енергетската зависност на Македонија од увоз на електрична енергија. Според последните проекти или програми на премиерот Заев „Чебрен“ повеќе нема да биде реверзибилна централа, па оттука се поставува прашањето кое сите енергетичари би го споделиле. Од една страна сакаме поголема пенетрација на соларни панели на ветерни фарми во Македонија кои се непредвидливи, доколку немаме реверзибилна централа, односно голема батерија како таа енергија би се искористувала, бидејќи знаеме дека е непревидлива и дека мора да имаме голема батерија. Се надевам дека експертите од ЕСМ и РЕК не го советуваат да донесе батерии од Тесла, бидејќи истото е  30 пати поскапо, отколку „Чебрен“ да е реверзибилна централа. Се надевам дека ќе успее со тендерот, меѓутоа за жал можам да констатирам дека тендерот и тендерската документација која треба да се заврши во декември е само уште еден предизборен фол и дека и двете влади во овие 30 години не направија ништо за производство на електрична енергија и освен една малечка хидроелектрана немаме ниту еден производствен каапацитет 30 години незабисност“ вели Ивановски.

Сподели