Игли подметнати во јагоди во Австралија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Австралија нареди итна истрага зошто во јагоди ширум земјата, а и во некои банани се пронајдени намерно забодени игли, а еден човек дури и завршил во болница откако изел јагода во која имало игла.

„Ова е многу сурово злосторство и напад врз јавноста“, рече австралискиот министер за здравство Грег Хант.

Кутиите со јагоди во кои се забодени игли се откриени во сите шест сојузни држави, што предизвика општа паника: продавниците ги враќаат јагодите, а произведувачите немаат кому да им ги продадат, а Нов Зеланд престана да увезува австралиски јагоди.

Share.