Игор Ангеловски: Откако ја погледнав снимката, одлучив Несторовски да го ослободам за мечот со Германија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски веднаш реагираше и го санкционира Илија Несторовски за пцовките кои ги кажа пред камерата по петтиот гол на натпреварот против Лихтенштајн.

Напаѓачот по реализацијата на пеналот, реагираше бурно и со пцовки се обрати кон камерата, а по мечот истакна дека тоа е за тројца личности кои во изминатите денови му се заканувале нему и на семејството. Ангеловски на прес-конференцијата рече дека ќе ја коментира ситуацијата откако ќе ја види снимката, а по преспиена ноќ, донесе одлука.

„Бидејќи вчера на прес-конференцијата кажав дека од кога ќе ја погледнам снимката ќе ја коментирам ситуацијата со Несторовски сакам да и го соопштам на јавноста следното:

Најнапред драго ми е што се извини и што даде свое објаснување зошто го направил тоа, но такво однесување од репрезентативец не може да помине несанкционирано, затоа е ослободен од обврските за следниот натпревар со Германија”, рече селекторот.

Натпреварот меѓу Германија и Македонија се игра на 31 март во Дуизбург, а Ангеловски најави дека нема да повикува нов играч на местото на Несторовски.

Сподели