Идеја за Дендро парк во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Делегација од Општина Бонја посети Општина Битола,со цел да се реализира заедничка соработка помеѓу двата града. Гостите од Бон, кои во најголоем дел беа претставници од тамошното одделение за зелени површини, имаа работна средба со директорот на ЈП „Комуналец“ Панде Богоевски. Како резултат од оваа соработка во иднина се очекува засадување на дендро парк во Битола.

„Дендро паркот би бил дел од Градскот парк,во којќе се засадат дрвја што се успешни во реоните на Бон и Битола. Сето тоа би било пропратено со таблички и објаснувања за растенијата.Дури и локацијата е утврдена каде би бил лоциран во Градскиот парк. Гостите  најмногу се интересираа за зелените површини во градот, за хортикултурното уредување. Ќе детализираме и можни правци за соработка во делот на уредување на зелени површини во Битола.”,истакна директорот на ЈП „Комуналец“ Панде Богоевски.

Иницијативата за оваа соработка потекна од посетата на германскиот амбасадор на Битола, во рамките на одбележувањето на 100 годишнината од крајот на Првата светска војна и контактите со д-р Валентина Илиева, претседател на Здружението за македонско-германско пријателство и соработка Битола. По посетата на кабинетот на градоначалничката Петровска, делегациите се упатија кон детските игралишта во градот, Германските гробишта, Тумбе Кафе и античкиот локалитет Хераклеа Линкестис.

Share.