Избери паметно, избери стручно

„Избери паметно, избери стручно“ со овај слоган  СОТУ„Ѓорѓи Наумов“ од Битола в понеделник  ќе ги отвори вратите за идните средношколци. Годинава според конкурсот на МОН предвиденое е да се запишат 322 средношколци од кои 186 во електротехничката струка и  136 во машинската струка.

„ Најбаран е профилот електротехничар за комјутерска техника и автоматика. Таму се највисоки поените кои ги бараме 55, но се обезбедени три паралелки или 102 слободни места  за учениците. Потоа доаѓа електротехничар за електроника и телекомуникации една паралелка со 34 ученици, како и електротехничар енергетичар која од годинава е дуална паралелка. Тоа значи ќе има застапена практична настава многу повеќе од претходно, а новина е и тоа што оваа година почнуваме соработка со ФОД, така што сите овие ученици, практичната настава ќе ја работат во ФОД, а исто така ФОД ќе ги стипендира како месечна сипендија кога ќе работат практична настава во таа компанија . Останува уште една паралекалка со четиригодишно образование тоа е паралелката техничар за индустриска мехатроника  која ја работиме во соработка со „Кромберг и Шуберт“. Годинава запишуваме трета генерација на ученици, а таа е по германски стандарди и во соработка со делегацијата на германското стопанство на Македонија“, рече Владимир Роме директор на СОТУ„Ѓорѓи Наумов“ од Битола.

Годинава Техничкото училиште за машинската струка нуди четири паралелки, од кои три се со четиригодишно образование и една паралелка со тригодишно образование.

„Стандардно се техничар за комјутерско управување, машински техничар, машинско енергетски техничар, таа е мешана паралелка и машински техничар за моторни возила. Последната три годишна паралекла таа е обработувач на метал заварувач и за неа е доста интересно што таа е три годишно образование, но МОН ја стипендира со стипендија од 3.500 денари, 9 месеци во годината. Тоа е еден начин да се поттикнат учениците кои имаат послаб успех  да го одберат ова занимање. Општината наша сите фирми кои се тука, немаат таков кадар, бараат од нас таков кадар да обезбедиме и сега еве имаат шанса да добијат паричен надоместок и по три години да можат да  отворат свој бизнис ако сакаат, а слободно можат  да продолжат да се образуваат кај нас со вертикално одење нагоре во друг смер“, рече директорот.

Сите занимања кои што годинава ги нуди техничкото училиште обезбедуваат работа и се конкурентни на пазарот на трудот, вели директорот, а со цел подобрување на условите како за учениците така и за наставниот кадар во училиштето се извршени големи инфраструктурни зафати.Уписите во средно образование ќе се реализираат преку три пријавувања почнувајќи од в понеделник 14 јуни.

Сподели