ТЕРА

REKLAMA???

ИЗБОРНА ТРИБИНА НА ПОДЕМ СО НОСИТЕЛОТ И КАНДИДАТИТЕ ЗА ПРАТЕНИЦИ ОД КОАЛИЦИЈАТА

Викендов политичката партија ПОДЕМ од Битола организираше изборна трибина насловена „Битола 2024-2028“.

На неа говореа претседателот на ПОДЕМ, Живко Јанкуловски, како и носителот и кандидатите за пратеници од Битола од листата на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, чиј дел во таа коалиција е и ПОДЕМ.

На оваа трибина претседателот на партијата Јанкуловски зборуваше и за образованието и како тоа е во катастрофална состојба со оваа влада, како и во делот на земјоделието.

Носителот на листата Ѓорѓија Сајкоски зборуваше за како што рече руината во изборната единица пет. Како лоши примери ги спомена јавното претпријатие Македонски шуми, македонски пошти, потоа АЕК и ЕЛЕМ која била пример за државна институција до пред седум години.

Кандидатот за пратеник Пеце Милевски зборуваше за јавните услуги, за кои што рече дека актуелните откако ја презеле власта единствено што знаеле, е тоа што не знаеле да се справуваат со кризи и дека не се способни.