ТЕРА

REKLAMA???

ИЗБОРНО СОБРАНИЕ НА БИТОЛСКАТА ЛДП, КУЗМАНОВСКИ ИЗБРАН ЗА НОВ ЛИДЕР

Битолската ЛДП го одржа 9-то собрание на кое Димитар Кузмановски е избран за нов претседател на битолските либерал-демократи.

Кузмановски е човек кој скоро 20 години е член на партијата.

Од партиските функции бил на местото секретар на партијата и  претседател на младите. Беше кандидат за советник на локалните избори во 2021 година, а претходно и кандидат за пратеник на изборите во 2011 година.

„Пред се сакам да се заблагодарам на подршката која ја добивав изминатиов период од сите, како кадидат за Претседател на Либерално Демократската партија во Битола. Благодарам и на изборот и добеврбата која ја добивам вечерва, доверба која се надевам ке ја оправдам, должност која ќе ја извршувам чесно, отчетно и траспарентно, бидејќи ние во нашата партија само така знаеме и умееме“ рече меѓу другото Кузмановски.

Додаде дека ќе работат на тоа да и го вратат сјајот на Битола.

На изборното собрание присуствуваше и претседтелката на ЛДП Моника Зајкова, која ја најави теренската кампања за средби со граѓаните.

Потпретседателот на партијата Валентин Груевски го прашавме за работата и случувањата во советот на Општина Битола, каде нивната изборна коалиција од локалните избори има еден советник од ДОМ, а тој беше и советник и претседател на советот.

Пред повеќе од 150 делегати, избран беше нов општински одбор и ново општинско раководство.