Избрано новото раководство на општинската организација на СДСМ

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Новиот лидер на битолската СДСМ  Методија Тасевски го избра својот тим за работа, кој едногласно беше прифатен на Општинската Конференција.

Во новиот состав на Извршиот одбор, се директорите на јавните претпријатија „Стрежево“ и „Водовод“, Менде Граматковски и Горан Козаров,   Александар Цуцуловски актуелен рараководител во министерството за земјоделие во Битола, потоа советниците Зоран Стојчевски, Елеонора Илиевска, Билјана Поповска и Жаклина Наумовска, поранешниот пратеник и претседател на општинската организација Менде Диневски, Гого Видимче, поранешната координаторка на Клубот на жени, Лилјана Обедниковска, професорката Бисера Стојчевска, а влегуваат и девет поранешни членови од стариот Извршен одбор.

Тасевски на Конференцијата им се заблагодарил на досегашната соработка на членовите на бившото раководство, посебно на досегашниот претседател на општинската организација, Васко Ковачевски .

Тасевски  од говорницата порача „продолжуваме заедно, издвојувавме значајни победи на последните два изборни циклуси , сега е моментот кога треба да покажаме како се води локална и централна власт. Знаеме дека ќе биде многу поодговорно и потешко, но со меѓусебна доверба и поддршка ќе успееме, рече Тасевски.

Share.