ТЕРА

REKLAMA???

ИЗВЕДЕНА СРПСКАТА ПРЕТСТАВА „БЕЗ ОТКАЖУВАЊЕ“ ВО БИТОЛА

На Големата Сцена на Центарот за култура во рамките на Фестивалот на монодрама, беше изведена претставата на самостојната продукција и Сојуз на уметници Војводина, „Без откажување“. Се работи за авторски проект на Марија Меденица во кој таа е и актер.

“Без откажување” е приказна за една глумица која во момент на доделување награди се соочува со дилемата дали треба да го прифати признанието или конечно да се пресмета со системот против кој се борела во текот на целата своја кариера.

Во моментот на церемонијата таа повторно ги преживува сите професионални и животни ситуации кои му претходеа на овој триумф. Ова е приказна за жената во современиот свет и предизвиците кои со себе ги носат амбицијата, партнерството, мајчинството, а најмногу сопствените несигурности и стравови.