КИЦ Битола со два меѓународни концерти ја завршува летната концертна сезона.Првиот од нив се одржа во свечената сала на Офицерскиот дом насловен „Птиците се враќаат“, кој беше реализиран во соработка со Здружението за македонско-германско пријателство и соработка од Битола и поддршка од Гете Институт – Скопје. На истиот настапи виртуозното дуо на македонскиот музички номад Јордан Костов на хармоника и Андреас Гинтер од Германија на пијано.

Вториот концерт кој се одржа синоќа е “Токио носталгија проект – Вечер кога се раѓаше звукот”.Истиот на едно место собира една исклучителна меѓународна екипа на музичари, кои и секој од нив посебно претставуваат уметничка величина, а заедно ги зближува интересот и афинитетот кон root music или изворната музика на Јапонија и Македонија, доживеана низ уметничкиот сензибилитет на секој од нив, креирајќи единствена музичка форма, која се движи помеѓи традиција, амбиентална и world music.

Во овој проект се Јордан Костов на хармоника, гензох такеиша на пијано , Хисао Фукушима на гитара , Андреас Гинтер на саксофон (Германија) , Шин Ја Охно на гајда, Нао Лизука флејта и вокал, Дамјан Грујо на перкашн. КИЦ Битола во изминатиот период беше место на случувања на бројни културни настани од кои доминираа музичко сценските и ликовните настани. Оваа културна установа најавува и богата есенска понуда.












