Извештајот на СЈО пред Комисијата за политички систем

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Денеска на седница на собраниската комисија за политички систем, извештај за сработеното ќе поднесе Специјалното јавно обвинителство за периодот од 15 септември 2017 до 15 март 2018 година. Ова е петтиот шестмесечен извештај за работата на СЈО.

Членовите на собраниската комисија меѓу другото ќе расправаат и за годишните извештаи за 2017 година за работата на неколку институции.

На дневен ред се извештаите за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор како и комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Share.