Извештај на Стејт департментот: И натаму треба да се работи на неказнивоста

0
310

Најзначајни прашања во однос на човековите права во Македонија се во насока на извештаите за тортура од страна на затворските чувари, мешањето во приватноста, насилството против новинарите, недостаток на независност во судството и насилството против лицата на ЛГБТИ заедницата, се вели во новиот извештај на Стејт департментот на САД почитувањет на човековите права земјава во 2017 година.

Во извештајот во кој се проучени практиките за почитувањето на човековите права на 200 земји, во однос на Македонија се вели дека на 31 мај минатата година Парламентот избрал нова Влада предводена од СДСМ, со што се ставил крај на неколкумесечниот процес на формирањето на Владата.

„На 27 април 2017 година, откако мнозинството во Парламентот го избра Талат Џафери за претседател, демонстрантите го нападнаа Собранието што резултираше со повреди на седум негови членови. Медиумите објавија дека припадници на Министерството за внатрешни работи им помагале на демонстрантите и не ја исполниле својата должност да ги штитат членовите на Парламентот. Министерството ги казни полицајците кои не ги исполниле своите должности, вклучително отпуштање на осум полицајци“, се вели во извештајот.

Во извештајот исто така се вели дека Владата преземала некои мерки за истражување, гонење и казнување на претставници кои извршиле злоупотреби, вклучително полицајци виновни за употребување на прекумерна сила, но оти „неказнивоста останува широко распространет проблем.“

faktor.mk