„Извор“ на Каролина Гочева вечерва во Битола

0
630

Концертната промоција на новиот албум на Каролина Гочева „Извор“ вечерва се случува во Битола во големата сала на Центарот за култура.

За оние кои вечерва не можеа да бидат дел од оваа концертна промоција Авалон продукција Ве поканува утревечер на истото место да уживате во песните од новиот албум на Каролина.

Битолската публика ја има можност да ги слушне деветте нови песни од Извор кои Каролина за првпат ги изведе на концертните маратони во Скопје. Покрај овие песни таа изведува и дел од песните од Македонско девојче.

Насловната корица на албумот „Извор“ ја краси портретот на поп пејачката, насликан од нејзиниот сопруг, познатиот уметник Михаил Корубин.

Текстот на песните е на Весна Малинова, една од композициите е потпишана од Весна Петрушевска, музиката е на композиторот Никола Мицевски.