ТЕРА

REKLAMA???

ИЗГЛАСАНО ПОСКАПУВАЊЕТО НА ТАКСИ УСЛУГИТЕ ВО БИТОЛА

Пред полноќ дојде на ред и точката за тарифникот на здружението на автотакси превозници.

Бојкоски од ВМРО ДПМНЕ го соопшти нивниот предлог, наместо 60 денари стартот, да биде 50 денари.

„За жал несреќно решение каде што Советот треба да ја регулира цената на такси превозот. Луѓето идат веќе два месеци во Советот на Општина Битола, бараат она што со трошоците кои што се зголемени и барат покачување на цената. Записникот кој што беше од тоа работно тело, како што е наведено дека неможело да се договори за цената да се регулира и го испратија истото барање такси превозниците кои што претходно го имаа доставено, само со една напомена дека ако се зголемат трошоците за 10 проценти, ќе се зголеми цената на превозот во една тарифа. Предлогот кој што го имаме ние како советничка група е 50 денари да биде стартот, односно само да се намали стартот. Доколку дел од советниците имаат некаков друг предлог кој што е во насока на изнаоѓање решение ние сме отворени за соработка, односно конечно да се реши овој проблем и да му се излези во пресрет на таксистите бидејќи и тие се луѓе што живеат во овој град“  рече Бојкоски.

Тој додаде дека како што кажале такси превзониците, ако нема зголемување на цената се доведува во опасност истите повеќе да не возат и да останиме без такси превоз.

Неговиот предлог не беше прифатен од советничката група на Поинаку, како и од советничката група на СДСМ.

За Адемоски од Поинаку разбирливо е барањето заради зголемувањето на трошоците кои што тие ги имаат и ако не се зголеми цената се доведуваме во опасност да осатниме без такси превоз.

„Тие сами рекоа доколку немаме работа ние ќе пропадниме“ ги цитираше Адемоски претставниците на такси превзониците и изрази очекување ако се зголемат цените да се потрудат и тие да ги подобрат услугите, односно условите за превоз.

Бојкоски кажа дека за нив и двата предлози се прифатливи и дека тие отвориле само дебата и дека за кој предлог ќе одлучат сите заеднички, тој ќе го поддржат.

Корлевски од СДСМ кажа дека на нивни предлог го создале тоа тело за оваа тема. Зборувале реално за она што е малку одржливо.

„СДСМ и коалицијата ќе го поддржи предлогот на такси превозниците онаков како што го образложија, со нивните потреби, со целиот нивни ризик, работа и труд кој што треба да го вложат во следниот период, бидејки ќе им следат придизвици заради поскапувањето“ рече Корлевски.

Тоа го кажа вечерва советникот Корлевски од СДСМ, а неговиот сопартиец Илиевски пак пред повеќе од два месеци од прес конференција во Скопје од партиската централа рече дека ВМРО ДПМНЕ без размислување ја изгласа иницијативата за покачување на тарифите за такси превозот, кога за прв пат после 7 години, Заводот за статистика извади податок дека платите почнуваат да стагнираат, тоа значи дека платите не се покачуваат и стагнираат, после само 100 дена влада на ВМРО-ДПМНЕ, а животните трошоци континуирано се покачуваат.

Барањето за поскапување на такси превозот беше изгласано едногласно и новите цени ќе бидат во сите три тарифи стартот 60 денари. Во првата тарифа 35 денари од километар, во втората тарифа 40, а тарифата за трета смена, празник и недела 45 денари за километар.

Првата тарифа и тарифата за трета смена, празник и недела се тарифи кои ќе се користат, а тарифата каде 1 км е 40 денари и се однесува на прва и втора смена  во овој момент нема да се користи, но доколку дојде до зголемување на трошоците поврзани со нивната дејност од над 10% во тој случај, велат дека ќе бидат приморани да ја користат.

Ценатата за чекање за еден час е 400 денари.