Изгласан Законот за употреба на јазиците

0
463

Собранието во тензична атмосфера со 64 гласа „за“ без против и воздржани гласови го донесе законот за употреба на јазиците без да расправа за 36.000 амандмани поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Во однос на однесувањето на сегашниот пратеникот, а поранешен премиер Никола Груевски, сметам дека нема потреба јас да го коментирам, бидејќи кога ќе го видат граѓаните, ќе го кажат своето. Од моментот кога ја презедов должноста претседател на Собранието, безв свесен за сите предизвици што ме очекуваат. Нема да дозволам за време на овој мандат да се врати сликата како што беше Собранието на 24 декември и на 27 април минатата година. Однесувањето на пратениците не треба да биде сфатено како провокација на меѓуетничките односи, туку треба да се види само какво е однесувањето на пратениците“, рече Џафери коментирајќи го нападот од страна на пратеникот Никола Груевски.

Тој вели дека при првото гласање, Законот за јазици добил 64 гласања, а по гласање на пратениците од немнозинските заедници, вкупно 24 пратеници гласале „за“ законот. Гласањето на немнозинските заедници било рачно спроведено, бидејќи Груевски фрлил вода врз системот за електронско гласање“, изјави Џафери.