Изгледајте преслатко во розеви тренерки од брендот Џуси Кутур како Парис Хилтон

Парис Хилтон не направи носталгични за 90-тите години кога се појави во тренерки на Џуси Кутур изгледајќи преслатко и секси.

Најверојатно веднаш погодивте што носи Парис кога ја видовте на сликата, овој модел кој го носи таа е најновиот од Џуси Кутур и е направен по повод 25 годинината од постоењето на брендот Џуси Кутур.

Овој специјален дизајн е направен по моделот на напродаваните тренерки направени од велур кои го прославија овој бренд помеѓу звездите во Холивуд а потоа и насекаде низ светот.

 

 

Горната тренерка има лого од кристали на капата, а потоа и на задниот дел цртеж од кристали а додека долниот дел од тренерките исто така има кристални детали со логото од брендот.

И вие може да ги купите онлине доколку ви се допаѓаат.

Сподели