Изгледајте тип-топ  како Сара во чизми од нејзината СЏП колекција

Сара Џесика Паркер беше забележана гламурозно дотерана додека беше на шопинг во ЊуЈорк.  По втор пат актерката ни покажа нешто сосема ново, овој пат како да се облечеме со стил во обични деним фармерки но, да ја подигнеме фигурата со пар чизми со уникатен дизајн од нејзината колекција.
Изработени од мазен сомот, овие чизми ја подигаат силуетата на коленото со што ја издолжуваат ногата. Долниот дел е карактеристичен по блок потпетицата и сребрените нитни.
Овој дизајн многу лесно може да се комбинира со се, со фармерки или пак а ла Џесика со широк фустан.

Сподели