Изгоре куќа во Ресен

0
728

На 31.05.2018 година во 02.00 часот на ул. „Кузман Јосифовски“ во Ресен, од засега непознати причини, настанал пожар во куќата сопственост на В.Т. Во пожарот куќата целосно изгорела. Во 03.00 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Ресен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.