Изградба на тротоари во населбата Мал Париз

0
3148

За поубав изглед, но пред се за поголема безбедност на пешаците, во завршна фаза е изградбата на тротоарите и пешачките патеки во населбата Мал Париз. Оваа фаза е дел од проектот „Изградба на улицата „Даме Груев” во населбата Мал Париз”.

Новите тротоари и пешачки патеки во оваа фаза ќе бидат изградени во делот, каде што е завршена постапката за експроријација на земјиштето, во должина од 1000 метри. Истите беа дел од големите инфраструктурни потреби на жителите од овој дел на градот.