ТЕРА

REKLAMA???

ИЗЛОЖБАТА „НИШКИ“ ДЕЛ ОД ЛИКОВНАТА КОЛОНИЈА ВО ШАБАЦ

Изложбата  „Нишки“ на Милица Алимпиќ и Александар Џинго ќе биде презентирана во Шабац.

Годинава и македонскиот автор Александар Џинго, уметник со богата биографија ќе биде  учесник на овогодинешната Накучанска колонија, заедно со Милица Алимпиќ.Случајно или не, овие двајца извонредни уметници пред публиката на Шабац се претставуваат како фигуративни уметници, како сликари чија инспирација е насочена кон женската фигура и нивниот специфичен уметнички ракопис со кој сликаат и ги претставуваат жените како инспирација.

Она што ги поврзува, е секако женската фигура која е инспирација за многу уметници.  Сликарскиот опус на македонскиот уметник формира една компактна и концептуална целина, со појава на неколку константи кои го претставуваат специфичниот изразен јазик на овој автор – минималистички концепт, референцијалност, сликарски процес што е свеж и чувствителен како женските фигури на нив. Метафоричните и експресивните својства на неговите слики, асоцијативни наместо наративни и цврсти елементи ја градат динамиката и напнатоста на сликата, го претставуваат специфичниот јазик на авторот.

Исклучително талентираниот уметник е роден во Прилеп, кој уметничкото образование го започнал во далечната 1991 година, и го завршил во 2003 година во Скопје, како магистер по ликовна графика. Се занимава со повеќе ликовни дисциплини, покрај графиката ги негува сликарството, модниот дизајн и костимографијата, во кои ја манифестира својата креативност и имагинација.

Моментално живее во Прилеп, каде што работи како професор во средно училиште.

Со оваа изложба двајцата големи автори, Милица Алимпиќ Илиќ и Александар Џинго го претставуваат своето сликарско творештво кое во нив е и средство за истражување на личниот и интимен простор, односно конструкција на внатрешниот простор во однос на екстериерот.