Во просториите на Центарот за култура и образование кое е под муфтиство Битола, беше отворена фото изложбата “Исхак Челеби џамија и Хајдар Кади џамија – верско историски објекти во Битола”.

Изложбата беше организирана по идеја на носителот на проектот Агим Џело.

Се работи за фото изложба на која се изложени фотографии направени во двете активни џамии во Битола, а преку нив беа прикажани дел од верските активности кои се одвиваат таму, како и ентериерот и екстериерот на џамиите фотографирани во различни периоди од годината.

Исхак Челеби џамија е една од најстарите зачувани џамии во Битола. Наспроти Саат Кулата, и Големиот Безистен, е едната од џамиите во фокусот на овој проект.

Другаат е Хајдар Кади џамија која се наоѓа на левата страна на реката Драгор, во близина на Дебојот и поранешниот Овчи пазар.

На отворањето на изложбата се обрати авторот Агим Џело и битолскиот муфтија Амит Расими.
Изложбата е поддржана од министерство за култура на Македонија.












