Изложба и цвеќе за секоја жена во ДЛУБ.

0
605

Во друштвото на ликовните уметници на Битола, се одржа 8-мо мартовската изложба на која секоја жена доби цвеќе. За историскиот дел како започнал да се празнува овој празник говореше уметничката Елена Ѓоргиевска.

-Уште од 1909 година 150000 жени излегле на улица и се бореле за своите права. Во 1918 жените за прв пат во Германија добиле право на глас .

Претседателот на ДЛУБ.Драган Најденовски најави уште повеќе изложби до крајот на оваа година, одржувањето на традиционалната изложба и доделувањето на наградата Борислав Траиковски и многу повеќе за љубителите на ликовната уметност.