Изложба „Мис Стон“ во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во рамки на ИФФК „Браќа Манаки“ во битолскиот културен центар „Магаза“, Кинотека на Македонија приреди изложба и филмски проекции со кои се одбележа 60- годишнината од премиерата на македонскиот игран филм „Мис Стон“.

Под насловот „Мис Стон: Некаде помеѓу Елен и автономија“ во Битола беа изложени фотографии, документи, преписки, сценарија, прес-клипинзи, книги на снимање, сценографски скици, пропаганден материјал и друга архивска граѓа. 

Веднаш по својата премиера во 1958 година, „Мис Стон“ стана еден од најгледаните филмови во тогашна Југославија, во 1959 година доби три Златни арени на фестивалот во Пула, а наградите ги добија актерите Петре Прличко и Олга Спиридоновиќ, како и сценографот Василије Поповиќ-Цицо.

Според архивски податоци, македонскиот игран филм „Мис Стон“ бил наградуван и на меѓународните филмски фестивали во Единбург во 1960 година, и во Њу Делхи, во 1961 година.

 

Share.