Изложба на ателје „Солак“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Со ликовните дела на најмладите членови на ателје „Солак“ започна роденденската недела на Центарот за култура во Битола. Ликовните дела на малите уметници поставени на десетина паноа ги отвори директорката на Центарот за култура во Битола Маја Андоновска – Илиевски, и истакна дека за неа е голем чест што толку со најмладите започнува оваа роденденска недела.
За изложените ликовни дела на оваа изложба зборуваше и ликовниот уметник Димитар Солаковски кој воедно и се заблагодари на присутните и оние кои придонесоа оваа изложба да се реализира.

Изложбата на членовите на ателје “Солак“ беше поддржана од Центарот за Култура од Битола и Министерство за Култура на Република Македонија.

 

 

Share.