Изложба на дела на ученици од “СОУ” Таки Даскалот

Под менторство на своите професори, учениците од текстилната насока од СОУ „Таки Даскалот” направија изложба која ги воодушеви сите посетители во Везилка.  Овие средношколци во изминатата пандемиска учебна година, има многубројни активности, а деновиве беше органзирана и изложба на дела изработени токму од нив. Благодарение на иницијативата на професорите сето тоа помина многу успешно.

Преку наставната програма која се спроведува и реализира во текстилната насока од СОУ „Таки Даскалот” се нуди можност за добивање на вештини во дизајнирање и изработка на облека за во иднина учениците да можат да отворат свој бизнис.

Оваа изложба нема да биде единствена од ваков карактер, таа ги најавува и работилниците кои ќе се одржуваат еднаш неделно за сите заинтересирани идни ученици во оваа насока за везење, цртање модни дизајни и обликување со материјали, изработка на накит.  Првата работилница ќе се одржи во понеделник во 17:00 часот во Везилка.

Учениците од текстилната насока во СОУ Таки Даскало се стекнуваат со квалификација Техничар за дизајн на облека и Техничар за изработка на облека. наставата се спроведува во една комбинирана паралелка со 34 ученици, за што се потребни 45 поени. Во текот на четиригодишното образование ученицте , исто така се стекнуваат со компетенции и вештини за: цртање, сликање и обликување на облека, изработка на скици и дизајнирање на модна колекција, конструкција и моделирање на сопствени дизајни, кроење и шиење, организирање на модни перформанси, совладување на техниките на везење, ткаење и плетење, изработка на модни додатоци, детски играчки, рециклирање на текстилни материјали, учество во работилници и проекти со локалната заедница и учество на натпревари.

Сподели