Изложба против стереотипите на и за жените

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

„Уште што друго сум освен што сум канцер на општеството“ беше пораката која преку изложба на 15тина фотографии поставени во МКЦ – Битола ја испрати Дороти Пачкова.
Визијата на проектот е да влијае на културните ставови и да ги трансформира стереотипите. Феминистичката уметност, како овој проект, отвора можности и сфери кои порано не постоеја, посебно отворајќи простор за активистичката уметност и нудејќи можности за разрешување на проблемите со женскиот идентитет, преку интердисциплинарен пристап, посочува Пачкова и додава дека главната цел на овој мал патувачки проект е да направи како што вели „game change“ во перцепцијата и самоперцепцијата на и за жените, посебно за жените сингл.


Секоја фотографија крие своја приказна, Пачкова ја објасни жената со метла наречена „Вештерка“ за која истакна дека самохраните мајки се вештерки на денешницата.

Десет личности во едно е она што самохраната мајка е во секојдневието, вели Пачкова.

Изложбата посети шест градови од Македонија и на секоја од тие изложби се собираа податоци од посетителите, со цел да се започне со архива на заинтересирани за феминистичко критичко конструктивна уметност.


Фотографиите за изложбата ги изработи фотографката Лени вон Гелева, а проектот е во интелектуална сопственост на авторката Дороти Пачкова, а се создава со поддршка на Министерството за кутура. Фотографиите се работени во изминатите три години.

Share.