Измама за визи, кражба на дрва и заплашување полицаец

0
534

Полицијата до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против Д. М (36) поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Измама“.
Кај пријавениот при претрес на парничко возило пронајдени се лични документи кои се потребни издавање на виза за работа во странство. Во текот на 2017 година пријавениот посредувал за виза за работа во Канада со одреден аванс,а за извршената услуга требало да му исплатат по завршувањето на постапката за апликација за виза, 2.000 до 3.000евра. Оштетни се повеќе лица.

Полицијата поднесе Кривична пријава против Т.К(22) од Крушево поради постоење на основи на сомнение дека истиот сторил кривично дело по “Кражба“на дрва.

На 13.03.2018година. на локалниот пат Крушево с.Пуста Река поточно кај “Чешма-АРМ“полициски службеници од полициската станица Крушево го сопреле патничкото возило“Уаз“,управувано од Т. К и извршиле преглед на возилото.
При прегледот било утврдено дека со возилото се превезуваат сурови дабови огревни дрва кои не биле жигосани и за кои пријавениот не поседувал соодветна документација за сеча,а исто така не поседувал и испратница за превоз на огревните дрва

Во трет случај полицијата поднесе Кривична пријава против У. А. (32) од Ресен, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Загрозување на сигурноста“
На 04.03.2018 година во повеќе наврати од сопствениот мобилен телефон се јавувал на телефонскиот број на полициски службеник и при секој повик му упатувал погрдни зборови и закани по живот и тело, по што пријавениот е приведен во Полициската станица-Ресен.