Измама со јаболка во Ресен

0
2058

На 08.03.2018 година во 16.30 часот во Полициската станица Ресен, В.Ш.(40) од Лесковац, Република Србија, пријавил дека лицето У.А. од Ресен извршило кривично дело „измама“. Пријавителот заедно со неговиот син дошол во Ресен каде се сретнал со лице од Ресен од кој требало да откупат јаболка. Од Ресен заедно заминале за с.Царев Двор, каде во магацинот на У.А. гледале јаболка за откуп, по што отишле во канцеларијата на У.А. Таму У.А. им побарал 2000 евра за да им спакува 20 тони јаболка за наредниот ден. Кога пријавителот забележал дека лицето не му понудило писмен договор, а немало ниту печат, туку се потпишал на обичен бел лист хартија, му рекол да му ги врати парите. У.А. му ветил дека ќе му ги врати на друга локација, но не се појавил. Тогаш В.Ш. сфатил дека  е измамен и случајот го пријавил во полициска станица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопшти МВР.