Измамена баба од Секирани дека ќе му ја зголеми пензијата

0
1664

На 03.06.2018 година, 87 годишна жена од  с.Секирани, битолско, пријавила дека на 31.05.2018 година во нејзината куќа во с.Секирани дошло непознато машко лице кое се претставило дека е од Пензинскиот Фонд. Тој и ветил дека може да и ја зголеми пензијата за што требала да му плати 2000 денари. Таа му ги дала парите, по што лицето заминало, но и ветило дека ќе се врати. До моментот на пријавување лицето не се вратило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.