Измените на Законот за медиуми на дневен ред на владината седница

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Предлог-измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се на дневен ред на денешната 55-та седница на Владата на Република Македонија.

Ова беше најавено уште минатата недела од портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.

Прашањето се актуелнизира со неодамнешниот реизбор Марјан Цветковски за генерален директор на МРТ, инаку кадар на ВМРО ДПМНЕ. Тогаш Бошњаковски рече дека Владата нема никаква поврзаност со изборот.

-Изборот е одлука на Програмскиот совет на МРТ кој фунционира во стариот состав, граѓаните знаат кој членува таму под чие влијание тој работи. Веднаш по усвојување на новиот Закон за аудио и аудиовизуелни медиуми ќе се овозможи избор на професионално и непартиски раководство во МРТ и во Агнцијата за медиуми. Овој избор е на важност се додека не го усвоиме законските измени. Законот ќе го усвоиме наскоро со него ќе се овозмози целноста департизација на МРТ и Агенцијата, рече Бошњаковски.

Share.